Анѓушев: Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции ќе се инвестираат во човечки капитал
Намалените 50 милиони евра од капиталните инвестиции со ребалансот на Буџетот, ќе бидат инвестирани во човечки капитал, во обезбедување соодветна работна сила, кадар што му недостига на македонскиот пазар на труд, соопшти денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за капитални инвестиции преку Програмата за рурален развој, Анѓушев потенцира дека економија може да има со машини и хали, но не и без луѓе.
– Токму тоа се обидуваме со пренамената на средствата во Буџетот, да го решиме проблемот со недостиг на потребниот кадар, инженерски и за директно производство. Овој проблем ќе станува се поизразен и ќе биде лимитирачки фактор, а нашата економија треба да биде конкурентна. Но, како ќе биде конкурентна ако нема нови технологии и луѓе кои ќе знаат да управуваат со нив? Сепак, не е доволно само да имате обучен кадар, туку и високи плати кои ќе им овозможат достинствен живот на тие луѓе. Тоа е нашата цел, тоа да го оебзбедиме, објасни вицепремиерот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка