Бизнис
10. October 2018 - 19:59

Анѓушев: Мерките на владата во месната индустрија даваат резултати

Владините мерки за поттик на стопанството ги дадоа и првите резултати. Во месната индустрија производството е зголемено за 30 %, а извозот за околу 60 проценти, истaкана при денешната посета на две светиниколски компании, вицепремиерот за економски прашања Кочо Ангушев.

- Со воведување на мерката за ослободување од царина на дел од суровината која оваа месна индустрија ја користи, мислам дека, го направивме вистинскиот потег како Влада и придонесовме да оваа индустрија има раст и развој.

За зголемување на конкурентноста, Групацијата на месо преработувачи бара оваа мерка да биде продолжена за дополнителни 6 месеци.

- Месната индустрија не бара протекционизам, не бара субвенции, бараме само изедначување на условите на функционирање заедно со странските конкуренти кои што настапуваат со слични или вакви производи на нашиот пазар.

Стопанствениците благонаклоно гледаат и на реципроцитетниот однос кон домашните и странските инвеститори.

- Со Законот за финансиска поддршка за фирмите при инвестирање, многу фирми почнаа да размислуваат да ги зголемат инвестициите.

- Мене ме радува што стопанствениците тоа го препознаваат и похрабро инвестираат во своите капацитети-додаде Анѓуѓев

Само инвестициите во нова технологија ја зголемува продуктивноста, која ја обезбедува конкурентноста на пазарот, што е многу битно за македонската економија која мора да биде извозно ориентирана, заклучи Анѓушев.