Македонија
21. March 2019 - 8:43

Анѓушев и Николовски ќе ја посетат млекарницата „Сентис АГ“

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе ја посетат млекарницата „Сентис АГ“ во село Џепчишта, Тетовско.

Оваа компанија аплицираше на првиот јавен повик за средства преку ИПАРД 2 програмата и има склучено договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“.