Анѓушев и Бектеши на економска конференција во Будва
Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до 26-ти овој месец учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора .
Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе се обрати на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, на која е најавено учество и на претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Еди Рама, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Во состав на македонската владина делегација е и министерот за економија Крешник Бектеши, кој утре ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата-генератор на севкупниот развој“, заедно со другите министри од регионот задолжени за економски прашања.
Во рамките на настанот, членовите на делегацијата ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис лидери од регионот.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје