Бизнис
2. October 2019 - 15:09

Анѓушев: Грантот од ЕИБ само дел од потребните средства за изградба на пречистителна станица во Скопје

 Најавениот грант од 10 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) на вчерашниот Самит за Западен Балкан во организација на Економист е само дел од потребните 125 или 135 милиони евра за изградба на пречиситителна станица во Скопје, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Парите од ЕИБ ќе бидат добиени заедно со почетокот на имплементацијата  на проектот чие чинење е проценето помеѓу 125 и 135 милиони евра. Се очекува консултатнот  – франсцуски Еџис конечно да го каже своето мислење за вредноста на проектот кој ќе биде финасиран комбинирано од ЕИБ  и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД). Средствата ќе се добијат паралелно со имплементирање на проектот и склучување на договорите со финансиските институции и банките, изјави Анѓушев за МИА.

Тој посочи дека веќе е готова техничката документација за изградба на пречистителната станица и оти заврши физибилити студијата, а покрај начинот на изградба на пречисителната станица треба да се одговори и како ќе се реконструира канализациската мрежа во Градот Скопје. Тендерската постапка треба да се објави на крајот на годинава или на почетокот на идната, проектот би требало да се реализира во следните две години, а потоа да почне со функција.

-Мрежата треба да претрпи реконстурирање зошто нема да се постигне никаков ефект доколку се направи пречистителна станица до која нема да стигнат сите отпадни води. Затоа е потребно паралелено да се предложи и план за реконструкција на целокупнта мрежа во Градот Скопје и треба да се донесе одлука за колкава пречистителна станица ќе станува збор. Наш став е дека треба да биде сеопфатна за сите жители на територијата на регионот на Скопје заедно со сите општини и приградски населби, потенцира Анѓушев.

Изградба на такви пречистителни станици, како што кажа, предвидена е во сите општини во земјава.

-Во пристапот кон Европската Унија ние сме обврзани да ги запазиме еколошките стандарди, а тоа значи дека секој град и поголемо наслено место ќе мора да има пречистителна станица за отпадни води. Дел од нив ќе се градат преку средства од ИПА, а дел преку владини срества, рече Анѓушев и потсети дека во минатиот период се пуштија во употреба пречисителни станици во Кичево, Прилеп, Струмица, Кочани,…

Некаде, посочи, веќе се обезбедни средства за изградба на пречистиелни станици, а некаде се прават проекти.

-Во рок од десетина години сите градови мора да бидат опфатени со пречистиелни станици. Тоа се скапи проекти, но нема алтернатива за нивно спреведување и мора да е реализираат.