Анѓушев: Граѓаните ќе може да избираат од кого ќе набавуваат енергенси
Со донесувањето на новиот закон за енергетика граѓаните ќе имаат избор било кој енергенс да го добијат на слободниот пазар од било кој снабдувач во Македонија, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓуешв на денешната прес-конференција.
Тој истакна дека со измените на Законот ќе се надминат конфликтните интереси во делот на гас и електрична енергија и ќе бидат задоволени сите директиви од третиот пакет на ЕУ.
За Предлог-законот денеска била одржана јавна расправа во Стопанската комора со Македонската енергетска асоцијација во делот на струјата. Утре ќе следи јавна расправа во делот на нафата и гасот, а во среда ќе има јавна расправа во Владата. Потоа законот треба да помине на владина процедура и да биде препратен во Собрание.
Анѓушев очекува до крајот на март да заврши редовната собраниска процедура за донесување на законот, а потоа се дава рок од девет месеци да се изберат универзален снабдувач кој ќе има договор од пет години за снабдување и да следи до крајот на 2018 годна целосната либерализација на енергетскиот пазар во земјава.
Ново на Сител
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина