Анѓушев: Гасното поврзување со Грција ќе отвори нови перспективи за Гевгелија
Поминувањето на гасоводната цевка од интерконективниот гасовод со Грција во близина на Гевгелија ќе значи и гасификација на градот и намалување на загадувањето, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
-Тоа е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката. Кракот на гасоводот од Неготино до Грција со кој ќе се поврземе гасоводно со уште една земја од регионот ќе поминува во близина на Гевгелија. Секако дека дел од таа цевка ќе има излез во Гевгелија и мислам дека ќе отвори простор за нови перспективи за градот, за помало загадување со по еколошко гориво, изјави Анѓушев.
Гевгелија, посочи, има сериозни перспективи од пријателството со Грција што се воспостави во последниот период како најблизок град до границата.
-Гевгелија во наредниот период треба да има сериозен импакт од близината со Грција како една од земјите коишто се економски најразвиени во регионот, потенцира Анѓушев.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк