Ангеловски: За добар пласман потребен е добар старт
По одредувањето на распоредот на натпревари за квалификациите за ЕП 2020 година, селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски повтори дека целта за Македонија е да бидеме во конкуренција за висок пласман, нашиот предводник истакна дека целиот фокус најпрвин ќе биде на воведниот натпревар против Летонија.
- Веднаш после извлекувањето на групата реков дека наша цел е да бидеме во конкуренција за висок пласман до крајот од квалификациите. Мораме да веруваме во себе и во своите квалитети. Како селектор, заедно со стручниот штаб сме фокусирани на првиот натпревар против Летонија на домашен терен. Ќе ги анализираме сите противници, но одиме од натпревар во натпревар. Имаме две релативно блиски патувања, во Словенија и Австрија, три од првите четири натпревари ги играме на домашен терен и ќе направиме сѐ што е во наша можност да бидеме со што е можно повеќе бодови на тие воведни натпревари. Групата е неизвесна и ќе биде голема борба, без разлика на распоредот, изјави селекторот Ангеловски за Веб-сајтот на ФФМ.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово