Фудбал
21. August 2017 - 13:58

Ангеловски: Слабата форма на Израел е нашата шанса

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски денеска го соопшти списокот на играчи за квалификациските дуели со Израел во Хаифа и Албанија во Струмица  (3 и 8 септември).

Ново име меѓу повиканите репрезентативци е Дориев од Академија Пандев :
Ангеловски образложи дека не се откажува од ниту еден играч бидејќи изборот на квалитетни фудбалери е мал. Нашиот селектор објасни дека слабата резултатска серија на нашиот следен противник е наша шанса да оствариме добар резултат но најважно е според него да одиграме онака како што играме во текот на цела 2017 година.