Фудбал
9. October 2020 - 9:02

Ангеловски по победата над Косово: Најважниот меч за оваа екипа е против Грузија во ноември

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски изрази задоволство по синоќешната победа над Косово и пласманот во финалето на плеј-офот на Лигата на нациите, но знае дека „најважниот меч за оваа екипа е против Грузија во ноември“.

– Сега нека се радува Македонија, но од утре мора да се спуштиме на земја. Прво имаме меч со Естонија, а за еден месец играме со Грузија. До финалниот меч ќе бидат направени сите анализи. Би сакал за тогаш сите играчи да ги имам на располагање. Не сме голема репрезентација и секое отсуство може да биде проблем, изјави Ангеловски по синоќешниот меч.

Вели дека оваа репрезентација создала победнички менталитет.

– Се враќавме против Италија и Словенија, а не загубивме глава по примениот гол. Тоа е заслуга и на фудбалерите и нивната работа во клубовите, бевме добро психолошки подготвени да се издигнеме и во ваква ситуација, изјави селекторот.

Изрази благодарност на сите за поддршката, но и за критиките.

– Сето тоа нè донесе до моментот да ја видиме Макеоднија после 30 години на едно европско првенство, вели Ангеловски.
 
Додаде дека вчеравечер им недостасувале многу навивачите на арената „Тодор Проески“ и дека ќе сторат се за да ги израдуваат со пласман на Европското првенство.