Loading Video...
Фудбал
20. November 2019 - 19:56

Ангеловски: Оваа селекција потврди дека е најдобрата во историјата

Македонскиот национален фудбалски тим не успеа да се пласира на ЕП 2020 но затоа пак со победата против Израел од 1-0 го освои 3. место во групата што е најдобриот пласман во едни квалификации во досегашната историја на нашата репрезентација која редовно досега беше 4. пласирана. 

Селекторот Ангеловски на прес конференцијата потенцираше дека според постигнатиот резултат во групата ова е досега нашата најдобра селекција и сега претстои баражот во Лигата на нациите за да се оствари големиот сон а тоа е Македонија да настапи на едно големо натпреварување.