Фудбал
21. јуни 2021 - 21:01

Ангеловски: Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова

После Горан Пандев, и селекторот Игор Ангеловски се чини вечерва се збогуваше од националниот тим. Неговиот договор истекува на крајот на месецов.

„Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, на фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да делам кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова. ​Ова е мојата последна прес-конференција. Мојот договор завршува на 31. јуни, и ова за мене е последен професионален ангажман“, рече Ангеловски на обраќањето на новинарите по мечот со Холандија.

Игор Ангеловски дојде на кормилото на Македонија пред 5,5 години, и успеа да ја однесе селекцијата на Европско првенство, што е најголем успех на македонскиот фудбал.