Македонија
19. July 2019 - 16:53

Ангеловски: ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои од нив да се поврзани со „Рекет“

Уредите за снимање во ОТА моментално следат 159 телефонски броеви, меѓу нив најверојатно и на лица поврзани со случајот „Рекет“.. Првиот човек на Оперативно-техничката агенција вели дека немаат увид во идентитетот на луѓето чии разговори се снимаат ама за тоа поседуваат судска наредба..

„Судските наредби кои доаѓаат во ОТА се анонимни. Претпоставувам дека ако судот или обвинителството кажале дека се активирани ПИМ мерки, тоа значи дека тие ПИМ мерки одат преку ОТА и во овој дел броеви веројатно има и дел од тие броеви. Со сигурност не можам да ви кажам затоа што не е работа на ОТА да знае кој е следен“, изјави Зоран Ангеловски Диркетор на ОТА.

Начинот на следење на комуникациите во ОТА, денеска го мониторираше надлежната собраниска комисија.. Контролирала како пристигнуваат наредбите, нивното архивирање и начинот на кој се снимаат телефонските разговори.. Дали се злоупотребува опремата, комисијата засега нема можност да утврди оти подолг период собранието не го потпишува договорот на избраниот технички експерт..

„Навистина сме во една незгодна ситуација да го гледаме само визуелно и механички она што значи наредба, внесување во системот за слушање, меѓутоа техничкиот експерт ќе може да влезе во електронскиот дел да го провери тоа реално дали е така“, изјави Емил Димитриев, Претседател на собраниска комисија за следење комуникации.

Во ОТА очекуваат и во иднина да продолжи објавувањето на т.н „бомби“ бидејќи било очигледно дека постојат телефонски разговори за кои не постои контрола..