Фудбал
1. јуни 2016 - 14:59

Ангеловски: Одиме на победа против Иран

Сениорската репрезентација на Македонија утре ја очекува контролен дуел со фудбалерите на Иран. Селекторот на „црвено-жолтите најави игра на победа, без оглед на квалитетот на иранскиот тим кој е на 42. место на листата на ФИФА.
 
- Иран е азиски фудбалски гигант, исклучително квалитетна селекција предводена од врвен тренер. Ќе биде тежок натпревар, но за нас е важно да оствариме и позитивен резултат. Победивме против Азербејџан, но тоа е само еден натпревар и нема никаква потреба и простор за еуфорија. Немаме намера да отстапиме од досегашниот пристап, се надевам дека спојот на младоста и искуството повторно ќе ни донесе позитивни работи. Задоволен сум од залагањето и атмосферата во тимот. Влегуваме максимално во утрешниот меч, да одиграме добро и на крај секако да победиме,рече Ангеловски на денешната прес-конференција.
 
Тој информира дека Марјан Радески се пожали на повреда и во консултација со лекарскиот тим ќе биде одлучено за евентуалниот негов настап на утрешната средба.
 
Натпреварот ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 19 часот.