Loading Video...
Фудбал
13. November 2020 - 16:23

Ангеловски: На Европското против сите ќе играме да победиме

Македонија е една од четирите земји кои преку баражот обезбедија настап на завршницата на ЕП следната година. 
 
Победата над Грузија со 1-0 ја одведе Македонија за прв пат во историјата на големо натпреварување како што е Европскиот шампионат, што ќе се одржи следното лето. 
 
Противниците веќе се познати. Нашите фудбалери ќе играат во Ц групата и тоа во друштво на една Холандија, Украина и Австрија. 
 
Но. Без разлика на квалитетот кој го поседуваат овие репрезентации, селекторот Игор Ангеловски најавува дека Македонија на сите дуели ќе игра за да победи, вели селекторот Ангеловски во интервјуто за СИТЕЛ ТВ.
 
Покрај нашата репрезентација пласман на ЕУРО обезбедија Шкотска која по подоброто изведување на пенали со вкупни 6-5 ја совлада Србија, а откако регуларниот дел заврши нерешено 1-1. 
 
Унгарците иако имаа негатива од еден гол во дуелот со Исланд сепак со двата погодоци во завршните две минути, се пласираа на ЕП на кое ќе игра и селекцијата на Словачка која по дополнителните 30-минути со 2-1 ја совлада Северна Ирска.