Loading Video...
Фудбал
20. November 2018 - 18:38

Ангеловски: Му благодарам на Пандев за се што направи за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација убедливо со 4-0 го совлада Гибралтар во последниот натпревар од Лигата на нациите со што го обезбеди првото место во групата и учеството во полуфиналето.
По мечот , на прес конференцијата селекторот Игор Ангеловски не заборави да го потенцира уделот на капитенот Горан Пандев во успесите на оваа генерација фудбалери со неговиот кам-бек: „Пандев направи многу за репрезентацијата и државата“ истакна Ангеловски во отсуство на Пандев кој поради картони не играше на овој меч.