Loading Video...
Фудбал
26. March 2018 - 18:25

Ангеловски ќе го освежи тимот за дуелот со Азербејџан

Очекувам уште еден добар натпревар на нашата репрезентација, фудбалерите да го дадат максимумот да одиграме добро и да победиме.

Ќе внесеме нови играчи во тимот со цел да добијат можност да ги покажат своите квалитети. Јас верувам во сите играчи кои се тука во Анталија  и се што е потребно е да одиграат максимално дисциплинирано и да се наметнат со одговорна игра.

Тоа е добро воиграна репрезентација која доаѓа од тимот на Карабах , дури 80 посто од фудбалерите се од овој тим, тренерот на екипата е и селектор на репрезентацијата. Очекувам навистина добар тест но јас верувам во моите фудбалери.