Loading Video...
Фудбал
30. March 2021 - 18:22

Ангеловски и Пандев едногласни - Германија e фаворит, но ние играме најдобро против фаворитите

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација претпладнево отпатува за Дуизбург каде утре ќе ги одмери силите со Германија. 
 
По убедливата победа над Лихтенштајн со 5-0, Македонија ја очекува тешок испит на гостувањето во Дуизбург, каде утревечер ќе се соочи со селекцијата на Германија, а во рамките од 3 коло на квалификациите за СП во Катар 2022 година.
 
Иако во тимот ќе го нема Илија Несторовски, кој беше ослободен од обврските за овој меч, а по скандалот на натпреварот против Лиштенштај, селекторот Игор Ангеловски и неговите избраници се свесни дека се пред најтешкиот испит во квалификациите, но ветуваат дека на теренот нема да излезат со бело знаме, напротив повторно ќе се обидат да докажат дека Македонија игра најдобро против фаворитите, истакнаа на задолжителната прес конференција селекторот Ангеловски и капитенот Пандев.
 
Вчерва нашите фудбалери ќе го одработат и последниот тренинг пред утрешниот дуел со Германците кој  ќе започне во терминот од 20 часот 45 минути.