Loading Video...
Фудбал
23. May 2019 - 18:12

Ангеловски го објави списокот за дуелите против Полска и Австрија

Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, го објави поширокиот список за дуелите против Полска и Австрија. 
 
По победата над Летонија и нерешениот резултат со Словенија на гостински терен, во квалификациите за ЕП македонските фудбалери ги очекуваат двата тешки противници Полска и Австрија против кои црвено-жолтите ќе играат пред својата публика во Скопје и тоа на 7 и 10 јуни. 
 
На списокот на селекторот Игор Ангеловски се 23-ца фудбалери меѓу кои и повредените Алиоски, Несторовски и Трајковски, како и повратници во составот се Радески и Адеми. 
 
 „Повратници во составот се Радески и Адеми кои сега се здрави и подготвени за игра. Тука се и играчи кои имаа проблеми со повреди, Алиоски, Несторовски и Трајковски, но се додека имаа шанси за настап не се откажувам од нив. Ќе почнеме со тренинзи од 27 мај со 17 фудбалери со оглед на тоа што голем дел од првенствата се завршени, а официјалниот собир е на 3 јуни затоа што тоа е термин на ФИФА. Овие натпревари се многу значајни за нас. Добро знаеме кој ни доаѓа, но мора да веруваме во себе и да го дадеме најдоброто. Кога сме во најдобро издание можеме да победиме било кого. Се надевам дека за време на подготовките ќе ги одминеме повредите. Кога играте против селекција која е фаворит, секој позитивен резултат носи двојно затоа што ако им земете бодови тие ќе се обидат против другите селекции да го анулираат тоа што го загубиле од нас. Затоа ни е многу важен мечот со Полска. Се надевам на полн стадион и убава атмосфера која ќе ни даде уште поголема сила против Полска“, истакна Ангеловски.
 
До првиот дуел против Полска, македонските фудбалери ќе одработат четири тренинзи и тоа почнувајќи од 3 јуни за кога е закажан собирот