Loading Video...
Фудбал
8. November 2018 - 14:41

Ангеловски: Целта останува иста, да го освоиме првото место

Игор Ангеловски селекторот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија, го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета за двата последни натпревари од групата во Лига на нации. 
 
Ангеловски истакна дека на двата меча, против Лихтенштајн на 16 ноември во Вадуц, и три дена подоцна (19 ноември) против  Гибралтар на национална арена „Филип Втори“ во Скопје, црвено-жолтите ќе сторат се да ја остварат цел, односно освојат првото место во групата.
 
-Сите работи во групата зависат само од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Поразот во Ереван нема да дозволиме да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години“, изјави селекторот.
 
Списокот е веќе стандарден, како трет голман е повикан Дени Илиев, иако првата опција останува Димитриевски. Во тимот повикан е и Крсте Велкоски кој игра во добра форма во Сараево, а иако во план беше и Бесарт Ибраими, сепак тој не се најде на списокот, поради повреда. 
 
-Лихтенштајн е противник со кого веќе игравме претходно. Очекувам да влеземе максимално сериозно и да ја добиеме првата средба. Потоа ќе следи Гибралтар и ќе размислуваме за него. Македонија е фаворит на овие два меча, но мора да ја оправдаме улогата. Ќе играме офанзивно како и секогаш. Примарна цел ќе биде да се добијат натпреварите, а ако се даде можност победата да биде што поубедлива, ќе се потрудиме да го направиме тоа, заврши Игор Ангеловски.
 
По четири одиграни натпревари, Македонија е лидер на табелата во четвртата група со 9бодови, три повеќе од Гибралтар и Ерменија, додека Лихтенштајн е последен со три бода.