Фудбал
10. December 2015 - 17:12

Ангеловски без вд, селектор на А репрезентацијата

Досегашниот вршител на должноста селектор на фудбалската репрезентација на Македонија Игор Ангеловски на денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија е именуван во селектор на А репрезентацијата, откако префиксот вд му е избришан. Ангеловски досега на два натпревара ја седеше на клупата на Македонија.
Истото се случи и со досегашниот вд генерален секретар Филип Поповски, кој сега е генерален секретар на ФФМ.
На седницата усвоен е правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА, донесени се пропозициите за Куп натпреварувањето во мал фудбал, утврден е предлог – буџетот за 2016 година.
Управниот одбор ги потврди и номинациите и добитниците на награди за манифестацијата „Најдобрите во Македонскиот Фудбал за сезона 2014/15“, кои ќе бидат свечено доделени на 15. декември, 2015 г. во Македонскиот Народен Театар со почеток во 19.00 часот.