Бизнис
11. јуни 2020 - 11:53

Ангеловска: Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата

 Мерката 14.500 денари финансиска поддршка по вработен продолжува и за јунската плата. Вчера Владата донесе измена на уредбата со која мерката наместо два – ќе трае три месеци, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Додава дека со измени на уредбата, фирмите што ќе користат финансиска поддршка и за месец јуни, наместо до јули ќе мораат да го задржат истиот број вработени заклучно со август.

-Досега доделена поддршка: Април: 21.215 компании и  5.579 самостојни вршители на дејност; Maj: 20.507 компании и 5.579 самостојни вршители на дејност, наведува министерката на Фејсбук.