Ангеловска-Бежоска: „НБСтат“ е европски дизајнирана платформа за статистички податоци
„НБСтат“ е европски дизајнирана платформа за статистички податоци, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за порталот Банкарство.мк.
„Со поддршка од Европската Унија којашто финансиски застана зад проектот со кој се воспостави оваа статистичка алатка, успеавме да се вброиме меѓу централите банки коишто имаат одговорено на предизвикот да ги искористат можностите коишто ги нуди денешната технологија за да обезбедат поедноставна и посеопфатна достапност на статистичките податоци до различните категории корисници, имајќи ги предвид актуелните кориснички потреби и најновите трендови во оваа сфера.“ – посочува гувернерката.
Со структурата и со опциите коишто ги нуди алатката, корисниците на нашите податоци ќе имаат една од најдобрите можности за напредно следење на централнобанкарската статистика во меѓународни рамки, а со тоа и за користење и анализа на податоците.
Како што нагласува Ангеловска-Бежоска, сега, достапноста на статистиката на Народната банка е многу подобра и посоодветна во рамките на глобалниот статистички простор. „НБСтат“ е европски дизајнирана платформа – PX веб-портал, којшто е еден од најсовремените начини на дисеминација на статистичките податоци.
„Меѓу централните банки на земјите кандидатки за членство во големото европско семејство ние сме една од првите коишто имаат ваков портал. И што е особено важно, меѓу ретките коишто уште при првото објавување ги испорачуваат најновите податоци директно преку платформата PX, по што тие веднаш може да бидат предмет и на потемелни и подетални проследувања и анализи од сите заинтересирани.“ – истакнува гувернерката.
Инаку, веб-порталот „НБСтат“, покрај граѓаните на нашата земја, можат да го користат и сите други корисници на статистички податоци коишто ги следат податоците на централната банка за нашата економија, бидејќи е достапен и на англиски јазик.
„Она што е особено важно, на овој начин, и домашните и меѓународните институции коишто имаат потреба од тоа, мошне полесно, подетално и побрзо ќе можат самостојно да ги анализираат состојбите отсликани преку податоците, а тоа да биде од корист при носењето оцени, заклучоци, одлуки и сл.“ – порачува Ангеловска-Бежоска.
Народна банка на Република Македонија
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас