Бизнис
2. July 2020 - 16:43

Ангеловска: 9% помалку пари во буџетот, 9,9% повеќе трошоци од буџетот

Државната каса побрзо се празни отколку што се полни. Трошењата од буџетот се зголемени за 9,9%  или во  првото полугодие се потрошиле 1,8 милијарди евра,  додека пак собрани се 1,4 милијарди  или за 9% помалку од планираното. Сепак, министерката за финансии е задоволна од резултатите, во јуни бројките  биле подобри од очекувањата, што е показател дека економијата закрепнува. Најголемо потфрлање има кај наплатата на  данокот на додадедена вредност, каде падот изнесува  7,5‘% додека раст е забележан кај данокот на личен доход и придонесите од плати. Буџетскиот дефицит достигна 3,8% од БДП

Позитивен тренд кај придонесите кои растат со стапка од осум отсто или вкупно досега изнесуваат 31,7 милијарди денари. Ова, оцени, е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување работните места во борба против КОВИД-19 кризата даваат резултат. Растот од 12 отсто на овие приходи, покажува одлична респонзивност на стопанството на преземените мерки. Во април и мај стапките беа 1,5 отсто и -0,9 отсто, што значи и тука забележуваме позитивни движења видно од месечните податоци, кажа Ангеловска.

Ангеловска очекува постепено опоравување на економијата во 3 и 4 квартал, а ако состојбата со корона вирусот се влоши,  во буџетот има пари и за непредвидени трошоци. За сега нема потреба од нов ребаланс , ниту промена на даночната политика, , како што направија Германија и Австрија со намалување на ДДВ то за пораст на потрошувачката , а со тоа и на економиата. Со ваквите бројки, заклучно со мај, јавниот долг надмина 53% од БДП, каде не се вклучени парите од еврообврзницата во вредност од 700 милиони евра.