Ангелов: Заев беше колатерална штета на локалните избори, анкетите беа погрешни, резултатите беа шокантни
Стојанче Ангелов, директор на ЦУК во Студио 10 на ТВ24 изјави дека Заев бил колатерална штета од лошата стратегија на локалните избори.
„Очекувам преговорите за ново владино мнозинство да завршат за неколку дена. Како коалиционен партнер во владината коалиција без зачуден од стратегија, од кампањата и издигнувањето на локалните избори на ниво на референдум, погрешна стратегија, колатерална штета беше премиерот Зоран Заев. Оставката на Заев за мене беше неочекувана, тој битката за град Скопје ја направи да се биде или не. Непотребно беше сето тоа. Во политиката нема место за емоции, таа е сурова професија. Не верувам дека се работи за емотивна одлука која Заев ја донел вечерта на изборите. Анкетите беа погрешни, резултатите беа шокантни. Во СДСМ се наметнуваше еуфорија, но јас имав поинаква перцепција. Кај голем дел од граѓаните постои незадоволство од власта“ - кажа Ангелов.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата