Македонија
4. August 2021 - 16:22

Ангелов: Пожарот во Кочани е успешно изменаџиран, има само два изгорени покриви и една штала

Во денешната Тема на денот директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов кажа дека неговата изјава за успешно справување со пожарите се однесува само на пожарот во Кочани.

„Ние успешно го изменаџиравме пожарот во Кочани кој што беше многу сериозен шумски пожар но огнот навлезе во градот. Паниката која се појави меѓу граѓаните е оправдана но паниката помеѓу луѓето кои се на повисоко општествено ниво е неоправдана, затоа што во Кочани благодарение на интервенцијата на локалната самоуправа, другите субјекти на системот за управување со криза и локалните жители имаме само два изгорени покриви и една штала“.