Ангелов: Нема разлика дали сум во Крушево, Кочани или ЦУК, за координација потребен ми е само мобилен
Директорот на ЦУК Стојанчо Ангелов во Тема на денот на Сител телевизија изјави дека пожарот во Кочани се развил неочекувано, дека бил контролиран и не постоела опасност за градот, но кога ветрот ненадејно го сменил правецот, пожарот тргнал кон градот а градоначалникот на Кочани побарал воздушна поддршка.
- Во тој момент хеликоптерот гаснеше пожар во Старо Нагоричане каде што веќе гореа и куќи, хеликоптерот беше активен, меѓутоа јас од командантот низ разговор побарав да го пренасочи хеликоптерот кон Кочани во хеликоптерот немаше доволно гориво да отиде до Кочани и да дејствува, тој требаше да се врати до база да наполни. Ако се вратеше на аеродром да наполни гориво тогаш ќе немаше да стигне на време до Кочани и одлучено е хеликоптерот да остане во Старо Нагоричане каде што исто така имаше сериозен пожар, рече Ангелов.
Ангелов нагласи дека средствата биле лимитирани и не е важно дали тој бил во Крушево, Кочани или во ЦУК, за онаа координација која тој ја врши потребен му е само мобилен телефон.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност