Loading Video...
Спорт плус
7. April 2019 - 15:50

Ангелче Петрушевски победник на 51-то издание на „ИКАС“

Изминатите два дена на реката Треска, кај Матка се одржа 51.то издание на Илинденскиот  кајак слалом На годинашниот „ИКАС 2019” настапија 64 натпреварувачи од 10 земји во 6 категории 
 
Во кајак К1 најдобар беше нашиот претставник 15-годишниот Ангелче Петрушевски. Членот на велешки Вардар Велес, оствари време од 102,16 секунди што беше за две секунди побрз од Србинот Милош Јевтиќ , односно 2,6 секунди подобро од трето пласираниот Борче Мирчевски од кајак клубот Бабуна од Велес. 
 
Во конкуренција кану Ц1 кај мажите најдобар беше Панајотис Зисекас од Грција, кој зад себе ги остави Србите, Горан Јовановиќ и Павле Здравковиќ.
 
Затоа пак нивната сонародничка Кристина Петровиќ, беше победничка во К1 кај дамите
 
Покрај натпреварите на „Икас“ се одржа и првата од шесте рунди во Европскиот куп во спуст на дива вода. Победник во машка конкуренција беше Сретен Баљиќ, додека најдобро пласиран македонски кајакар беше Љубормир Спасиќ кој го освои шестото место.