Свет
25. August 2016 - 10:01

Ангела Меркел ќе ја посети Чешка

Иднината на Европа, прашањето за миграцијата, продолжувањето на чешко- германскиот дијалог и соработка во науката и истражувањето ќе бидат главни теми на денешната посета на германската канцеларка Ангела Меркел, која во Прага ќе се сретне со чешкиот премиер Бохуслав Соботка и претседателот на државата Милош Земан. 
 
Меркел во Чешка доаѓа прв пат по добивањето на нејзиниот втор мандат во декември 2013 година, а во претходниот мандат официјално два пати ја посети земјата. 
 
По повод нејзината посета собири најавија нејзините поддржувачи и противници чии ставови главно се разликуваат по однос на прашањето за миграцијата.