Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува дека војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев започнеше процес за добивање членство во НАТО во 2008 година.
– Воениот конфликт ќе го видевме многу порано. Ми беше целосно јасно дека претседателот (на Русија) Владимир Путин нема да остане рамнодушен и да гледа како Украина влегува во НАТО. А тогаш, Украина како држава сигурно не би била толку подготвена како што беше во февруари 2022, рече таа за Би-Би-Си.
Во реткото интервју од повлекувањето од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост за повторните закани од Путин за употреба на нуклеарно оружје.
– Мораме да направиме се што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да нè парализира стравот, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки, предупреди поранешната германска канцеларка.
Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако ја напуштила функцијата.
Би-Би-Си посочи дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станаа зависни од Москва, а Германија изгради два гасоводи директно поврзани со Русија.
Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.
Таа додаде дека се обидела да ги задржи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што наведе, „на крајот не успеале“.
– Новата ера во односите на Европа со Русија, за жал, започна по целосната инвазија на Украина, нагласи германската канцеларка.
Ново на Сител
-
Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните
-
Крипто бос ја изеде бананата-уметничко дело купено за 6,2 милиони долари
-
Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили
-
Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ
-
Вонредна седница на Советот на Град Скопје денеска во 13 часот
-
ЕУ повика на целосно почитување на договорот за примирје меѓу Израел и Либан
-
24-годишна битолчанка купувала и препродавала кокаин
-
Пешак загина во сообраќајка кај Валандово