Македонија
9. March 2017 - 13:44

Аневски: Јанева и Фетаи го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска изјави дека Советот вчера заседавал по однос на претставката на в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд Татјана Михајлова и донел заклучок дека јавните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи со нивното однесување на последното судско рочиште за настаните пред општина Центар од јуни 2013 година го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители.

- Дадовме препорака до јавниот обвинител дека ќе треба да ја разгледа можноста од определување на друг јавен обвинител за застапување на тој предмет. Се работи за оној предмет каде е обвинет поранешен премиер со други лица за кривично дело, мислам, насилство, вели Аневски.

Следното судско рочиште за овој случај е закажано за утре