Џет-Сет
27. January 2017 - 21:29

Анџелина Џоли се сожали: Еве што му дозволи на Бред Пит

Откако Бред Пит (53) и Анџелина Џоли (42) постигнаа договор својата приватност да ја чуваат далеку од очите на јавноста, актерката на поранешниот сопруг му дозволи да поминува повеќе време со нивните деца.

Како што јави Пипл, Пит во последно време се почесто и подолго време ги гледа своите шест деца - Медокс (13), Пакс (13), Захара (11), Шајло (10) и близнаците Нокс и Вивиен (8).

- Тој делува многу посреќно. Многу му недостасуваа децата. Тие се неговиот живот и единствено што му е важно, рече извор близок на актерот.

Да потсетиме, неодамна на насловната страна на таблоидот Стар се појави бомбастичен наслов каде Бред наводно се преселил кај актерката Кејт Хадсон (37), а нејзиниот брат Оливер за целата ситуација реагирал на Инстаграм.