Џет-Сет
24. August 2017 - 16:17

Анџелина Џоли се премисли, го сака Бред назад - неговиот одговор поразителен

Анџелина Џоли и Бред Пит покренаа големо внимание и кога тој ја остави Џенифер Анистон за неа, и кога решија да стават крај на бракот. Сега, според последните податоци на светските медиуми, Анџелина се кае и го сака Бред назад, но тој не ни размислува да и се смири.

- Бред изгледа одлично и се чувствува одлично. Чист е како солза, се откажа од алкохолот и престана да консумира марихуана. Тој е оној човек во кој се заљубила и кој го сакала покрај себе, со кој има деца и кој повторно го сака покрај себе. Што се однесува до Бред, тој не е за тоа, повеќе сака да ужива во слободата, рекол неименуваниот соговорник, но потврда не стигнала од ниту една страна.