Свет
17. јуни 2018 - 14:16

Анџелина Џоли меѓу сириските бегалци во Мосул: Трупови гнијат под урнатините, овие луѓе немаат ништо, а сепак со свои раце ги обновуваат домовите

Амбасадорот на ОН за бегалци Анџелина Џоли во Ирак посети бегалски камп кој е дом на илјадници раселени од Сирија, ден по обиколката на Мосул.

Холивудската актерка по доаѓањето во кампот Домиз во кој живеат над 33.000 бегалци од, со војната растурената Сирија, разговараше со неколку семејства за проблемите со кои се соочуваат.

Ден претходно, Џоли го посети и Мосул кога ја повика меѓународната заедница да помогне во обновата на Ирак и овој град кој и година дена по ослободувањето од Исламската држава е во рушевини.

„Ова место претрпе најлошо можно уништување кое сум го видела откако сум во УНХЦР. Овие луѓе изгубија се. Се обновуваат саму, со свои раце и мора да им се помогне“, рече таа и додаде: 

„Немаат лекови за своите деца, а многумина немаат ниту вода. И натаму се опкружени со трупови кои се распаѓаат под урнатините. По незамисливите трауми кои ги поминаа под окупација, овие луѓе настојуваат да ги обноват своите домови без ничија помош“, заклучи актерката.