Анџелина Џоли има ново момче
Анџелина Џоли после развоводот со Бред Пит не остана долго време сама, тврди магазиот „Ин Тач“, пишувајќи дека таа веќе впловила во нова романса.
Анџелина наводно веќе неколку месеци е во врска со момче кој е познат филантроп, а го запознала минатата година во Лондон. Иако ова врска се држи се уште во тајност, Анџелина сака новиот партнер да го запознае со децата.
- Јасно е дека Бред секогаш ќе им биде татко на нејзините деца, но сепак сака да им го претстави новото момче. Таа сакаше прашината што се крена околу разводот да слегне, па да воведе нов маж во нивните животи, а постои можност запознавањето да се случи веќе наредната недела. Таа особено е загрижена како ќе реагираат Медокс и Пакс, тврди извор од магазинот.
Од друга страна, добро информирани извори тврдат дека Бред Пит не ја примил добро оваа вест.
- Информацијата го шокираше Брд. Тој не знаеше дека Анџелина се гледа со друг, а уште и да размислува за брак, рече изворот, додавајќи дека Бред засега не сака да го запозне нејзиното ново момче.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца