Џет-Сет
20. September 2015 - 11:33

Андреа признава дека заработува од проституција: Мојата тарифа е 200 евра

Андреа Јакимовски е првата натпреварувачка која ја напушти куќата на Големиот брат.

Поранешниот полицаец, кому вистинско име му е Стојан, а кој од 38 година се облекув акако жена, за српски Курир открива дека за живот заработува со најстариот занает на светот - проституција.

-Имам клоиенти од странство на кои им земам по 200 евра и повеќе. Им ја исполнувам секоја желба. Работата ја работам за да преживеам, но само за добри пари, открива Јакимовски, тврдејќи дека приватно и натаму ги сака само жените.

Андреа признава дека на домашен терен има многу поповолна тарифа, додека пред влегувањето во куќата на Големиот брат еден Американец го почестил и над цената.

-Беше задоволен и ми остави 100 евра бакшиш. Не е мојата цена 1000 динари како што вели Зорица. Во Македонија е малку поповолно и никогаш помалку од 50 евра. Има и такви кои работат на улица и по грмушки, вели Андреа.