Македонија
3. September 2021 - 11:09

Андреа Јанков од „Левица“ кандидат за градоначaлник на Центар

Левица вчера соопшти дека го кандидира Андреа Јанков за градоначалник на скопската општина Центар.

Јанков, кој по професија е инженер-архитект, има 14-годишно искуство во приватниот сектор како овластен проектант и инженер за изведба. Тој е основач и претседател на здружението на граѓани „Го сакам Водно“.

„Неговата борба е насочена кон: хумано и самоодржливо урбано живеење; заштита и грижа за животната средина; борба со аерозагадувањето; зголемување на стандардот за зеленило по глава на жител; градење на мерит систем и демократизација на локалната самоуправа преку референдуми, народни иницијативи, собири на граѓани и зголемена граѓанска партиципација во носењето одлуки на општинско ниво“, се вели во соопштението на Левица.