Ракомет
17. April 2017 - 19:29

Андреа Човиќ меѓу„ трите ѕвезди“ на реванш четврфиналето

 Ракометарката на Вардар, Андреа Човиќ по добрата игра во саботата во реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите со Митјиланд, се најде меѓу „трите ѕвезди“ на оваа рунда, во изборот на ЕХФ ТВ.

Човиќ постигна шест голови, повеќето од нив во моментите кога вардарки го кршеа отпорот на данската екипа.

Покрај Човиќ во изборот се наоѓаат и Кристина Неагу (Будуќност) и Едуарда Аморим Талеска (Ѓер).

Аморим Талеска на дуелот со Мец го постигна 500. гол во Лигата на шампионите, а 57 од нив ги има постигнато настапувајќи за Кометал Ѓорче Петров.