Андоновски: Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ
Град Скопје е оставен во огромни долгови од расипничкото владеење на СДСМ.
Петре Шилегов остава долг од 160 милиони евра по најразлични основи. Буџетот на градот е оставен на милост и немилост на добавувачите.
Прва и најголема ставка се идни обврски по веќе склучени договори од страна на Шилегов, како и доспеани и недоспеани обврски од 58 140 000 евра. Тоа значи дека градот веќе должи над 58 милиони евра за договори кои Шилегов нелегитимно ги склучувал за во иднина.
За кога знаел дека нема да биде градоначалник. Тука спаѓаат трошоци за рекламирање, анкети, невладини организаци блиски на Шилегов, непродуктивни трошења. Дел од овие обврски, како што беше предновогодишното китење на градот, новата градска администрација успеа да ги скрати. Но, остануваат сериозни суми средства кои во понатамошниот период ќе треба да се исплаќаат.
Понатаму, 11 380 000 евра се веќе наменети за отпочнати постапки за склучување на договори по однос на јавни набавки во 2021 година. Градот Скопје има склучено и вкупно 7 договори за заем и можности за идни кредитни задолжувања и тоа 4 договори со Светска банка, 1 со ЕБРД и 2 договори со домашни комерцијални банки и сите тие во вкупна висина од 32.082.374 евра.
Тука спаѓаат кредитите за мегаломанските проекти за мостот АСНОМ кој води до приватни домови и дворови. Проектот за Момин поток каде што нема никакво решение за откуп на приватно земјиште, куќи и стопански објекти.
И проектот без проект – Бас Рапид Транзит – кој предвидуваше рушење на паркови, опасност за водоснабдувањето на Скопје и хаос во сообраќајот. Само овој последниот проект, освен 70 милиони евра кредит, не предвидуваше дополнителни средства за изградба на потребниот мост помеѓу Карпош и Влае, за дислокација на водоводни цевки, за дополнителни сообраќајни решенија потребни за реализација.
Ова се пари фрлени во воздух. Без никаква реална добивка за граѓаните.
Со сите овие расходи, доспеани и недоспеани обврски и кредити од банки се во вкупен износ од 158 милиони 196 илјади 797 евра.
Ова се пари кои можеше да се наменат за реални проекти од кои бенефит ќе видеа сите граѓани. Вака, никој сѐ уште не може да знае каде се се трошеле парите на граѓаните.
Најавуваме дека за трошењето на сите средства на градот се води темелна внатрешна ревизија. Доколку се утврдат неправилности, поранешниот менаџмент на градот и јавните претпријатија ќе сносат одговорност во согласност со закон. Парите на граѓаните не смее да се трошат на непотребни желби и хирови на носителите на власта.
Скандалозно е тоа што се проектирале и се започнало со изградба на мостови без да се решат клучните прашања кои што се однесуваат на експропријација и имот на приватни земјишта. Па овие мостови сега завршуваат во нечии приватни двор и приватни куќи без да има решение инфраструктурно за овие проблеми, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања за обвинувањата на СДСМ.
За БРТ, како што го нарече Андоновски проект без проект, посочи дека станува збор за мегаломански проект кој е недоволно испланиран, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таков начин ан раководење со градот.
Што се однесува до БРТ се покажа дека проектот е без проект односно не се предвидени уште од најверојатно дупло повеќе трошоци кои што би ги имал градот при изградба на ваков проект, затоа што не е продевидено како ќе се изгради мостот од Карпош кон Влае, не е предвидено како ќе се реши водоснабдувањето на Скопје. Не се предвидени како ќе се срушат овие паркови кои што постојат веќе во Градот Скопје и како ќе се предвидат нови сообраќајни решенија кои што ќе одат кон БРТ. Овие проекти се мегаломански, недоволно исланирани, а за нив веќе се земени кредити. Ние таквиот начин на раководење со градот нема да го дозволиме во иднина, вели Андоновски.
Прес-конференција на Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
