Андоновска: Истрагата за случајот инсулин не смее да заврши со ќе
Министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали. Тој го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”.
Почитувани, изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите.
Молк во обвинителството!
Затоа прашуваме,Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот?
Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока?
Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ.
Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев.
Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Над 100.000 граѓани не ги зеле личните документи во законскиот рок
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
Мостот Беласица затворен, повторно ја тестираат издржливоста
-
Транспортиран пациент од Унгарија
-
Охридското езеро под притисок од пловилата
-
Вучиќ и се „заблагодари“ на Македонија што е коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
Аеро клубот „Штип“ одбележа 100 години од своето постоење