Фудбал
3. јуни 2018 - 18:37

Андонова триумфираше во шпанскиот куп со Барселона

Нов трофеј за женската екипа на Барселона за која настапува и нашиот интернационалец Наташа Андонова.  Каталонките триумифираа во националниот куп совладувајќи ја шампионската екипа  на Атлетико Мадрид со 1-0.

По многуте шанси на обете страни мрежите мируваа во регуларните 90 минути. Дури во 122. Минута по една одлична асистенција на Андонова  топката влета кон Калдентеј која биеше прецизно и донесе победа за Барселона и втор куп трофеј во серија.