Македонија
10. November 2016 - 16:17

Андонов: Спасовски и нанесува штета на полицијата

Активностите кои што ги спроведува техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски сериозно му наштетуваат на функционирањето на МВР .Наместо да се насочи кон спроведување на изборите тој врши прекршувања на законите ,противзаконити промени во МВР и злоупотреба во информирањето на јавноста истакна доплнителниот заменик министер Андонов .

Андонов го повтори својот став дека Спасовски треба да си  поднесе оставка на функцијата додавајќи дека во врска со случајот со сообраќајната незгода на заменик министерот за труд и социјална политика станува збор за криминално полициска местенка.

Инаку дополнителниот заменик министерот за внатрешни работи Андонов денеска оствари работна состанок со раководниот тим на СВР-Охрид со цел запознавање на безбедносната состојба и подготовките околу спроведувањето на престојните избори.