Македонија
18. April 2016 - 20:34

Андонов: Изборите се распишани, а СДСМ се противи за да ја продлабочи кризата

Заврши мирниот протест на ГДОМ во Штип. Огромен број на граѓани се собраа да дадат поддршка за изборниот процес на 5-ти јуни.

-Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски,  ги распиша изборите, но СДСМ продолжува да се противи, сакајќи да ја продлабочи кризата. Освен избори на 5-ти јуни, вториот дел од она што ГДОМ го побара е да се укине аболицијата на Зоран Заев. Како ГДОМ планираме утре собир на граѓаните во Прилеп, но она што ќе се случува на 5-ти јуни ќе зависи од некои амбасади кои и помагаат на СДСМ, но кои не се залагаат за интересите на опозицијата, туку лично за своите интереси, истакна еден од организаторите, Оливер Андонов од ГДОМ.