Фудбал
13. October 2015 - 13:49

Анчелоти во Баерн, Гвардиола во Сити?!

Како што пишува италијанскиот печат Карло Анчелоти најверојатно од следното лето ќе го преземе тимот на Баерн Минхен. 
Медиумите од Апенините наведуваат дека актуелниот тренер на Баварците, Сеп Гвардиола сигурно ја напушта екипата по завршувањето на сезоната бидејќи бара нов предизвик а како нова средина се споменува Манчестер Сити. 
Баерн веќе подготвил двегодишен договор за Анчелоти кој неодамна изјави дека со нетрпение чека да се врати на работа по заминувањето од Реал каде за две сезони освои ЛШ, Куп на Шпанија, УЕФА Суперкуп и Светското клубско првенство. Претходно беше на чело на ПСЖ, Челзи, Милан, Јувентус и Парма.