Балкан
30. December 2016 - 17:41

Анастасиаидис и Ципрас се договорија за заеднички активности за кипарското прашање

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и кипарскиот претседател Никос Анастасиадис се договориле за заеднички активности на европско и меѓународно ниво за кипарското прашање, јави грчкото електронско издание Њуз ин. 
 
Двајцата лидери денеска разговараа во Атина, каде Анастасиадис е во посета.
 
- Заедничката цел е завршување на окупацијата на островот и обединување на Кипар во една модерна европска држава, без присуство на окупациски воени единици, изјави портпаролот на кипарската Влада Никос Христодулис.
 
На прашањето дали е закажана средба на грчкиот премиер со претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, портпаролот прецизира дека во моментов нема определен датум за ваква средба.
 
На почетокот на јануари во Женева ќе се оддржи меѓународна средба за Кипар, што се оценува како клучна за иднината на островот.