Македонија
10. July 2021 - 16:39

Анализите кај децата во Гевгелија потврдија вирусна инфекција, ниту еден примерок не покажал антитела на корона

Респираторните инфекции кои се појавија кај децата во Гевгелија не се поврзани со корона. Увидот покажал дека се работи за обична вирусна инфекција, односно Синцицијален вирус карактеристичен за деца на таа возраст. Серолошките анализи на крвта утврдиле дека ниту едно од децата нема антитела што значи дека во минатата година немале прележано Ковид-19.

Според министерот Филипче, граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи место за паника нема. 

Темата со респираторните инфекции кај децата ја отворија гевгелиските педијатри кои алармираа дека за еден месец вирусот кој не е типичен за лето бил констатиран кај педесетина деца од нивниот регион. Освен во Гевгелија такви случаи беа регистрирани и во другите градови од државата.