Македонија
25. јуни 2019 - 16:20

Анализа: Што му недостасува на образованието

Оставката на заменик министерот за образование воопшто не е  изненадување исто колку и причините кои ги приложил кон неа, смета универзитетскиот професор Самуел Малчевски . За разочарувањето на Атанасов дека главните приоритети за квалитет во образованието не биле исполнети  Малчевски вели дека тоа не е ништо поразлично од извештајот на ЕК комисија за напредок на земјата. 

Дека се потребни нови наставни програми и учество на стручен кадар при создавање на реформирите потврдува и професорката од ПМФ Марина Стојановска. Како учесник во работните групи кои испратиле допис до МОН со сугестии за нацрт законите,  вели имале средби со поранешниот заменик министер но колку од предложените измени тој прифатил времето ќе покаже.

На почетокот од овој месец министерот за образование Арбер Адеми го предложи новиот закон за основно образование  кој е сосема спротивен на концептот кој лани го  предложи неговата претходничка миистерката Рената Дескоска.