Македонија
22. April 2018 - 17:05

Анализа: Што ќе донесе новата рунда преговори во Виена?

Не треба да с еочекуваат спектакли и конечно решение од средбата на Димитров и Коѕијас со Нимиц во среда во Виена, иако е очигледно дека напредок во преговорите за името има. Ова особено затоа што на ред доаѓаат најтешките прашања од спорот со Грција. ОВа е ставото на аналитичарот Петар Арсовски  за најавената следна рунда преговорим, а која Владата ја оценува како клучна за постигнување на решение пред одлуката на Советот на ЕУ ви јуни и НАТО самитот во јули.

За тоа дали евентулано решение во јуни може да ни донесе членство на НАТО самитот во јули, Арсовски вели дека за Алијансата не ни с епотребни рокови бидејќи се работи за отоврена покана.

Минатата недела Коѕијас изјави дека нема време за решение до клучните моменти за макеоднските евроатлански интеграции. Наспроти него, вчера премиерот Зоран искажа отимизам за брзо решение во спорот, како и добар исход во евроатланските интеграции.

- Aко постигнеме решение ќе видите дали автоматската покана ќе биде активирана од јуни или од септември или од ноември...дајте да го решиме проблемот, ќе биде активирана, ќе се најдат решенијата правно – формално како ќе бидат двете страни заштитени. Многу е важно процесот да биде решен заради добивање на датумот за почеток на преговори со ЕУ. ...Јас мислам дека сега е вистинскиот момент да се најде решение каде што сите партиципенти во државата би застанале заедно за нешто што е во согласност со зачувување на нашето достоинтство и нашиот идентите, а водејќи грижа и за достоинство секако на грчаката страна и нивниот идентитет, изјави вчера Заев.

Заев најави и средба со Ципрас во Софија на самитот на ЕУ за западен Бчакан на 17 и 18 мај за која рече дека добро е повод за нејзе да биде затоа што двете страни се блиску до решение, а не заради тоа што се на заеднички настан.