Македонија
28. October 2016 - 16:11

Анализа: СДСМ започна со црната кампања против ВМРО-ДПМНЕ

Денот кога Македонија влезе меѓу 10те најдобро рангирани земји во извештајот на Дуинг Бизнис, СДСМ го прати осудениот Слободан Богоевски на Телма, коментираат експертите.

Според нив, тоа е само уште еден доказ дека на Бихаќка се свесни, дека со проекти и програма не можат против ВМРО-ДПМНЕ па затоа, ќе се обидат на изборите да се спасат од неизбежната катастрофа со црна кампања.

Пандов вели дека целта на СДСМ е да ги убеди граѓаните дека не е важно дали ќе пораснат нивните плати, дали нивните деца ќе добијат подобро образование и дали ќе скокне животниот стандард, бидејќи на тоа поле, едноставно не можат да им понудат ништо друго, освен лаги и празни ветувања

Но црната кампања на СДСМ нема да даде никакви резултати, велат експертите. Според нив, таа служи за подигнување на моралот кај разочараното членство на опозицијата, но на неопределените граѓани, едноставно не им значи ништо.

Експертите се согласни дека и на овие избори ќе решава квалитетот на програмата и проектите кои партиите ќе им ги понудат на граѓаните. Според нив, тука е и предноста на ВМРО-ДПМНЕ и главната причина поради која партијата повеќе од 10 години ужива огромен рејтинг кај граѓаните.