Македонија
8. February 2021 - 16:41

Анализа: Расте евроскептицизмот

Расте евроскептицизмот меѓу граѓаните поради блокадите на евроинтеграцискиот процес на земјава. Според анализата на Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер, граѓаните ја гледаат ЕУ како најголем сојузник, иако оваа перцепција опаѓа. Од друга страна, САД ја надминаа ЕУ како фактор со најголемо влијание.

Заканата за губење на идентитетот и независноста на државата се најважните причини што расте скептицизмот кон ЕУ.

Над половина од анкетираните граѓани сметаат дека соседите го попречуваат влезот на земјава во ЕУ.

Сепак, мнозинството анкетирани очекуваат Македонија да стане дел од европското семејство во следните 3 до 10 години, со што ќе се зголеми животниот стандард, а ќе се намали невработеноста.